Top Sport

Адеми е добро, не се повредил против Тотенхем

Тотенхем синоќа го победи Динамо Загреб со 2:0, во со головите на Хари Кејн, со што направи голем чекор кон пласманот во четврт-финалето во Лига Европа.

Покрај поразот, сите во Динамо беа загтижени и од повредата на капитенот, Аријан Адеми. Македонскиот репрезентативец, во 90.минута, со болна гримаса го напушти теренот.

По мечот тренерот Зоран Мамиќ, рекол дека не знае за каква повреда станува збор и дали тој ќе мора да отсуствува во наредниот период.

Динамо Загреб, попладнево, објавија дека Адеми се чувствува добро и дека нема никаква повреда.
Хрватските медиуми објавија дека Адеми добил силен удар, но дека нема никакви последици. Тој ќе продолжи со тренинзите и натпреварите.

Scroll to Top