Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски добија место во идеалниот состав во првенството на Хрватска за изминатата сезона. Според гласовите на играчите и на тренерите, во изборот на Хрватскиот фудбалски сојуз, двајцата играчи на Динамо Загреб се наоѓаат во „дрим – тимот“.
Во најдобрите 11 се наоѓаат: Ливаковиќ (Динамо), Ристовски (Динамо), Шутало (Динамо), Елез (Хајдук), Бочкај (Динамо/Осијек), Павичиќ (Ријека), Кровиновиќ (Хајдук), Адеми, (Динамо), Оршиќ (Динамо), Дрмиќ (Ријека), Ливаја (Хајдук).
За најдобар фудбалер во Хрватска за сезоната 2021/22 е избран Марко Ливаја од Хајдук.