Top Sport

Адеми, Ристовски и Радески ги добија можните ривали во плејофот за ЛШ

Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски со тимот на Динамо Загреб, доколку го елиминираат Лудогорец, во следната рунда од ЛШ ќе играат против подобриот од дуелот меѓу Бодо/Глимт и Жалгирис.

Марјан Радески со Пјуник, ако ја мине Црвена Звезда, ќе игра против победникот од двомечот Макаби Хаифа – Аполон.

Мечевите кои решаваат за пласман во групната фаза во ЛШ се играат на 16/17 август и 23/24 август.

ДВОЈКИ ЗА ПЛЕЈ – ОФ ВО ЛШ

КАРАБАХ/ФЕРЕНЦВАРОШ-ШЕРИФ/ПЛЗЕН

БОДО ГЛИМТ /ЖАЛГИРИС – ДИНАМО /ЛУДОГОРЕЦ

МАКАБИ ХАИФА/АПОЛОН-Ц.ЗВЕЗДА/ПЈУНИК

КОПЕНХАГЕН – ТРАБЗОНСПОР

ДИНАМО (К)/ШТУРМ-БЕНФИКА/МИТЈИЛАНД

УНИОН /РЕНЏЕРС-МОНАКО/ПСВ

Scroll to Top