Top Sport

Адеми се сели во Ал Наср

Капитенот на Динамо Загреб Аријан Адеми до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот.

Македонскиот репрезентативец, 28 годишниот Адеми, според пишувањата на хрватските медиуми, ги договорил условите со Ал Наср од Обединетите Арапски Емирати. овој клуб од клупата го предводи хрватскиот тренер Крунослав Јурчиќ.

Клубовите во наредните денови треба да ги финализираат деталите од трансферот, по што Адеми ќе потпише договор со Ал Наср.

Адеми се наоѓа со Динамо на подготвки во Ровињ, но работи одвоено од остатокот на тимот поради проблемите со повредата.

Капитенот има одиграно 252 натпревари за Динамо на кои постигнал 22 гола.

Scroll to Top