Top Sport

Вавринка го елиминира Медведев, Тим лесно со Монфис

Стен Вавринка преку четвртиот носител Данил Медведев избори пласман во четврт-финалето на Австралија опен. Меѓу осумте најдобри на турнирот е и Доминик Тим по победата над Гаел Монфис.

Вавринка против фаворизираниот Рус потсети на своите најдобри денови, одигра одлично во последните два сета и со 6/2, 2/6, 4/6, 7/6, 6/2 се пласира во наредната фаза.

34 годишниот Швајцарец го доби првиот сет, потоа Медведев возврати експресно во вториот и третиот сет, направи пресврт, но не успеа да ја заврши работата.

Вавринка блескаше во тај-брејкот во четвртиот сет, а потоа во петтиот го почисти противникот.

Тим прв пат во кариерата ќе игра во четврт-финалето на првиот грен-сле во сезоната. Австриецот неочекувано лесно го победи Монфис во три сета 6/2, 6/4, 6/4.

Австриецот во четврт-финелто го чека Рафаел Надал или Ник Кирјос.

Scroll to Top