Top Sport

Контавејт и Мугуруса се пласираа четврт-финалето

Анет Контавејт и Гарбиње Мугуруса изборија пласман во четврт-финалето на Австралија опен.

Естонката Контавејт по голема борба успеа да ја совлада Ига Швјонтек од Полска со 6/7, 7/5, 7/5. Контавејт за малку ќе и ја подареше победата на својата противничка кога при водство од 5:1 во решавачкиот сет и дозволи да израмни на 5:5.

Сепак наредните два гема ги доби Контавејт со кои избори четврт-финале против Симона Халеп.

За разлика од Контавејт, Шпанката Мугуруса лесно се справи со Холанѓанката Кики Бертенс.

Поранешната шампионка на Вимблдон, во два сета со 6/3, 6/3 ја победи својата противничка.

Во четврт-финалето Мугуруса за противничка ќе ја има подобрата од мечот помеѓу Анастасија Пављученкова и Анжелик Кербер.

Scroll to Top