Динамо Загреб ја задржа предноста на врвот на Хрватската лига, откако триумфираше со 4:2 на гостувањето во „Градски врт“ во Осиек, благодарение на двата гола на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.
Гостите дојдоа во водство преку Судани во 15. минута, кој потоа му асистираше на Адеми за 2:0 во 38. минута. Олмо со гол во 57. минута ги „докусури“ домаќините, а Адеми во 68. минута покажува дека не заборавил да игра и покрај долгата пауза за неверојатни 0:4.
Грезда и Бобан од 74. до 77. минута намалија за 4:2, но тоа беше сè што направи Осиек, за Динамо да дојде до предност од 15 поени пред актуелниот шампион Риека, за кои претходно стрелец беше уште еден македонски интернационалец, Леонард Жута.