Top Sport

Адеми се врати во тимот на Динамо Загреб и доби овации од публиката

Динамо Загреб го победи Славен Белупо со 3:0, а првиот настап по враќањето во клубот го забележа македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Посебен момент се случи во 84. минута кога Марко Булат ја напушти играта, а на негово место влезе Аријан Адеми.

Капитенот на Динамо е повратник во клубот, во кој се врати од кинескиот Пекинг Гуан само неколку месеци по заминувањето. Публиката го поздрави со скандирање на неговото име.

 

 

 

 

Scroll to Top