Top Sport

Адидас ја претстави топката за финалето во ЛШ (Фото)

Производителот на спортска опрема „Адидас“ денес ја претстави топката со која ќе се игра годинешното финале во Лигата на шампионите.

„Адидас“ со години ги произведува топките за најсилното клупско натпреварување во светот.

Топката својата промоција ја имаше во Истанбул каде е закажан финалниот меч во сезоната 2019/2020. Ова ќе биде прво финале во Истанбул по пауза од 15 години, кога беше одиграно култното финале помеѓу Ливерпул и Милан.

Инаку, вечерва во Лигата на шампионите со натпреварите Борусија Дортмунд-Пари Сен Жермен и Атлетико Мадрид-Ливерпул започнува нокаут-фазата.

Титулата ја бранат фудбалерите на Ливерпул.

Scroll to Top