Top Sport

Дрес од Бока за секој што се вика Диего Армандо и е роден 1981 година

Произведувачот на спортска опрема „Адидас“ објави дека покренале истрага за мажи кои го носат името Диего Армандо и кои се родени во 1981 година во Аргентина за да им го подарат новиот дрес на Бока Јуниорс, клубот со кој Марадона таа година ја освои титулата во Аргентина.

Како што се наведува во соопштението на „Адидас“, чија опрема ја носат играчите на славниот аргентински клуб, 1.703 деца родени во 1981 година го добиле името Диего Армандо, повеќе од било која друга година.

Во петок Бока Јуниорс го претстави својот нов дрес инспириран од оној кој го носеа Марадона (тогаш како 21-годишник) и другарите пред 40 години.

Марадона во јуни 1982 година направи трансфер во Барселона, а две години подоцна прејде во редовите на Наполи каде стана икона на клубот.

Во 1995 година „Ел Пибе“ се врати во Бка и играше за клубот се до неговото пензионирање, во 1997 година.

Scroll to Top