Top Sport

Циципас: Собирам поени, се надевам дека еден ден ќе бидам број 1

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас истакнува дека тоа што се искачи на третата позиција на АТП листата дополнително му дава „ветар в грб“.

Тој на Роџерс купот во Торонто играше полуфинале (загуби од Опелка), а во Синсинати во втората рунда го очекува подобриот од дуелот Себастијан Корда – Ласло Ѓере.

„На секој турнир во САД се поинакви условите – некаде надморската висина е малку поголема, некаде пак влажноста е поголема. Потребно е да се прилагодиш. Лично, моментно ми е приоритет што побрзо да се префрлам од еден на друг турнир, без поголеми проблеми во играта. Тоа доаѓа со многу тренинг, кондициска работа. Не ми е целта да ја освојам секоја титула, сакам да дојдам до фаза да собирам многу поени. Сакам да ја остварам мојата цел, да бидам во топ 3, а за тоа мора да сум и ментално и физички подготвен и да имам јасна слика пред себе. Од аспект на самодовербата, тој влез во топ 3 многу ми значи. Следниот чекор е број 1, се надевам дека ќе успеам еден ден“ – рече Циципас.

Кога би можел да бира, дали грен слем титула или број 1 на АТП:

„Со освојување на грен слем се зголемуваат шансите за број 1, добиваш бодови и самодоверба. Да не сум во топ 10 веројатно ќе е поинаку, вака одбирам освојување на грен слем“.

Scroll to Top