Top Sport

Адил Рами ги „помешал“ Грција и Хрватска по финалето на СП

Фудбалерот на Марсеј, Адил Рами направил засрамувачка грешка во обидот да разговара со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ по финалето на СП во Русија, кое Французите го добија со 4:2.

„По финалето на СП, претседателката на Хрватска ме погледна и ми кажа: ’убави мустаќи’. И јас и вратив: ’Го обожавам Миконос’. Не знам зошто, но секогаш сум ги мешал Грција и Хрватска. Таа само ми кажа благодарам и си замина. За ситуацијата да биде полоша, Оливие Жиру го слушна тоа и дојде до мене: ’Дали си глупав? Миконос е во Грција’. Само му одговорив дека е океј бидејќи сега сум светски шампион“, вели Рами.

Scroll to Top