Top Sport

Сити е „лекот“ за Ливерпул, разликата сега е на 4 поени (видео)

Дологоочекуваното премиерлигашко дерби меѓу актуелниот шампион Манчестер сити и лидерот Ливерпул ги исполни очекувањата на љубителите на фудбалот и донесе интересен фудбал и 2:1 победа на Сити за враќање на неизвесноста во англискиот шампионат.

Тимот на Пеп Гвардиола на „Етихад“ ја прекина низата на Ливерпул без пораз во овогодишниот шампионат за да ја врати разликата на 4 поени, за многу интересна втора половина од сезоната. Да биде поинтересно, тука е и Тотенхем на два поени од Сити и шест поени од Ливерпул.

Мечот започна како што посакуваше тимот на Јирген Клоп, откако во 19. минута среќата (и технологијата) не ги посака „црвените“. По стативата на Садио Мане, топката се изврте кај одбраната на Сити и патуваше кон голот, пред да биде извадена во последен момент. Иако во Премиер лигата нема ВАР, се користи техологија на гол-линијата, која покажа колку малку недостасуваше за да биде признат голот.

Сити се созеде и отиде на одмор со водство од 1:0, откако Серхио Кун Агуеро во седми последователен домашен меч со Ливерпул се запиша во листата на стрелците во 40. минута од мечот.

Меѓутоа, Ливерпул не беа „мртви“. По неколку шанси за Сити на стартот на второто полувреме, Роберто Фирмино во 64. минута се најде на вистинското место и постигна гол за 1:1. Трите важни поени за Сити ги обезбеди Лирој Сане, откако Германецот одлично истрча и во 72. минута со прецизен удар го совлада Алисон.

Фото: ЕПА

Сити се спасуваше против Ливерпул! Дали топката ја помина линијата? (видео)

Scroll to Top