Top Sport

Адил Рами: Памела беше најдобра, имавме секс по 12 пати дневно!

Францускиот фудбалер Адил Рами се пофали дека имал секс по 12 пати дневно со Памела Андерсон во текот на нивната врска која заврши со спектакуларно „откачување“ откако канадската актерка го обвини Рами дека ја мамел со други жени.

Рами и Андерсон беа во врска повеќе од две години, пред минатото лето Андерсон да се откаже од него со низа брутални постови по социјалните мрежи. 34-годишниот Рами, кој беше дел од шампионската репрезентација на Франција на СП во Русија во 2018, а сега е во рускиот Сочи,  сепак, не криел дека му било прекрасно додека бил во врска со неа.

Украинецот Александер Кокорин, негов соиграч од Сочи, во интервју вели дека било „интересно“.

„Рами ни кажа многу интересни работи за Памела. Секако, сите беа заинтересирани каква била во кревет, а тој кажуваше дека е најдобрата во неговиот живот. Тој се фалеше дека имале секс по 12 пати во една вечер. Не му беше срам да зборува за тоа“, вели Кокорин.

Памела Андерсон по разделбата со Адил Рами: Тој е чудовиште

Scroll to Top