Top Sport

Фати и Кубо се потсетија на детството

Враќањето на Ла лига и триумфот на Барселона од 4:0 кај Мајорка донесе и една историска фотографија, откако двајцата таленти од славната „Ла масија“ се потсетија на своето детство – Ансу Фати и Такефуса Кубо.

Селфито кое го направија со заштитни маски и разговорот од пет минути меѓу двајцата фудбалери пред мечот, стана вирално на Интернет откако беше споредено со фотографија од нивните мечеви за јуниорите на Барселона.

19-годишниот Кубо сега е фудбалер на Реал Мадрид, и игра како позајмен во тимот на Мајорка, чекајќи шанса кај „кралевите“, додека 17-годишниот Фати веќе подолго време е во првиот тим на Каталонците.

Барса ја декласира Мајорка (Видео)

Scroll to Top