Градоначалникот на Рим, Роберто Гвалтиери остро ги осуди стикерите кои се појавија на улиците на италијанската престолнина на која е претставен Адолф Хитлер во дрес на Рома. Овие стикери се појавиле на повеќе места околу градот и на патните знаци помеѓу Пјаца Вескови и Корсо Триесте.
„Налепниците со ликето на Хтлеер во дресот на Рома кои се појавија во градот се вистинска срамота. Преземавме чекори за итно отстранување. Срам за тие кои се решија на ваков чин“, напиша Гвалтиери.
Ова наликува на инцидентот од 2017 година, кога ултрасите на Лацио залепија стикери на Ана Франк во дресот на Рома на јужната трибина на „Олимпико“. Овојпат, сепак, вината не се гледа во навивачите на градскиот ривал, туку на дел од навивачите на Рома со нацистички убедувања, тврди „РАИ Њуз“.
Una vera infamia gli adesivi raffiguranti Hitler con la maglia della #Roma apparsi oggi in città, uno sfregio inaccettabile a pochi giorni dalla Giornata della Memoria. Ci siamo attivati per la loro immediata rimozione. Vergogna per gli autori. https://t.co/B4GTVeLZ6O
— Roberto Gualtieri (@gualtierieurope) January 25, 2023