Некогаш најдобриот романски фудбалер, Адријан Муту станува селектор на младата селекција на Романија. Еден од најконтроверзните личности во светот на фудбалот кој за татковината одигра 77 меча и постигна 35 гола сега е на нов почеток.
Муту кој е екс-фудбалер на Интер, Верона, Парма, Челси, Јувентус, Фиорентина до сега како тренер ги водеше екипите на Волунтари и резервната екипа на Ал Вахда.
На клупата на младата романска селекција ќе дојде на местото на Мирел Радој кој е прекомандуван во А-селекцијата.
„Ова за мене е голема одговорност. Радој постигна сјајни резултати со младата селекција, но тоа само уште повеќе ме мотивира“ рече Муту на претставувањето.