Top Sport

Адвокат шокиран – сред пандемија ќе играат пред 10.000 луѓе во Загреб

Трофејниот тренер Дик Адвокат, кој е кормилар на холандски Феенорд е шокиран од одлуката првиот меч од новата сезона во Лига Европа меѓу Динамо Загреб и Феенорд да се игра пред публика и тоа во ек на пандемијата на коронавирусот.

Организаторите на мечот донеле одлука на трибините на „Максимир“ да има 10.000 навивачи.

На Адвокат не му е јасна таквата одлука на „модрите“ посебно што Холанѓаните на својот стадион ќе настапуваат без публика.

„Тоа е луда одлука. На `Максимир` ќе има публика, а кај нас не. Секако дека повеќе сакам да се игра со навивачи, но кога ги има од двете страни. За нас оваа ситуација е многу негативна и тоа ќе потрае“ рече тренерот.

Мечот меѓу Динамо и Феенорд се игра вечерва со почеток во 21 часот.

Scroll to Top