Top Sport

„Аѕурите“ не ја победија Бугарија, но поставија рекорд, Шпанија „падна“ во Шведска

Европските шампиони, Италија на „Артемио Франки“ во Фиренца го израмнија рекордот на Шпанија од 35 меча без пораз, откако одиграа 1:1 со Бугарија во меч од квалификациите за СП во Катар следната година. Шпанците немаа толку среќа – загубија со 2:1 на гости кај Шведска, додека Англија и Белгија стигнаа до убедливи триумфи на гости.

Федерико Киеза покажа дека е во фантастична форма оваа сезона, откако во 16. минута имаше вистинска мајсторија за 1:0, но Атанас Илиев, кој иронично фудбалскиот леб го заработува во Италија, во Асколи во 39. минута израмни на 1:1.

На „Френс арената“ во Стокхолм пак, Шпанија уште во 5. минута дојде во водство преку Карлос Солер, но Александер Исак израмни на 1:1 само минута подоцна, пред Виктор Класен да донесе важни три поени за „трите круни“ во 57. минута.

Англичаните стигнаа до убедлива 4:0 победа на гости кај Унгарците, со четири гола во второто полувреме – Рахим Стерлинг, Хери Кејн, Хери Мегваер и Деклан Рајс се запишаа во листата на стрелци. Убедливи беа и Белгијците кои со 5:2 победија кај Естонија предводени од двата гола на Ромелу Лукаку.

СП 2022 КВАЛИФИКАЦИИ

ГРУПА Б

Шведска – Шведска 2:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Ц

Италија – Бугарија 1:1

Литванија – Северна Ирска 1:4

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Е

Естонија – Белгија 2:5

Чешка – Белорусија 1:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА И

Унгарија – Англија 0:4

Андора – Сан Марино 2:0

Полска – Албанија 4:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

ИТАЛИЈА – БУГАРИЈА

ШВЕДСКА – ШПАНИЈА

УНГАРИЈА – АНГЛИЈА

ЕСТОНИЈА – БЕЛГИЈА

ПОЛСКА – АЛБАНИЈА

ЧЕШКА – БЕЛОРУСИЈА

ЛИТВАНИЈА – С.ИРСКА

Scroll to Top