Италија, конечно, успеа да победи во еден конкурентен меч во 2018 година, откако дефанзивецот на Фиорентина, Кристијано Бираги постигна гол во 92. минута во Хорзов за 1:0 победа над Полска во меч од Лигата на нации.
Иако селекторот на „аѕурите“, Роберто Манчини неодамна изјави дека не би било „трагедија“ ако Италија испадне од елитната Група А во Лигата на нации, без победа против Полска ќе беше тешко да се избори опстанокот. Вака, Италијанците остануваат со добри шанси да не бидат последнопласирани, бидејќи сега имаат 4 поени зад Португалија, која ја пречекуваат во следното коло.
Црна Гора пак, со 4:1 триумфираше во Литванија за да се доближи само на поен зад Србија во групата 3 од Лига Ц, за да направи интересен дуел на три репрезентации кои се надеваат на првото место – Србија, Црна Гора и Романија.
ЛИГА НА НАЦИИ
ЛИГА А, ГРУПА 3
Полска – Италија 0:1
Табела: 1.Португалија 6, 2.Италија 4, 3.Полска 1
ЛИГА Ц, ГРУПА 1
Израел – Албанија 2:0
Табела: 1.Израел 6, 2.Шкотска 3, 3.Албанија 3
ЛИГА Ц, ГРУПА 3
Литванија – Црна Гора 1:4
Табела: 1.Србија 8, 2.Црна Гора 7, 3.Романија 6, 4.Литванија 0
Фото: ЕПА