Top Sport

АЕК обвинува: Од Динамо знаеја дека криминалци ќе дојдат во Атина

Натпреварот од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо Загреб е откажан по хасот што се случи во Атина, во понеделникот вечерта. Во хулиганската пресметка загна еден навивач на АЕК.
Утрово претставниците на АЕК одбиле да присуствуваа на безбедносниот состанок со преставниците на УЕФА и Динамо Загреб.

Претседателот на грчкиот клуб Јоргос Космас зборуваше и за целата ситуација, велејќи дека целата одговорност за немилите настани е кај Динамо и грчката полиција.

„Во моментов е незамисливо и параноично да се биде на состанок додека тагуваме за загубата на животот на нашиот навивач. Што се случи, се случи. АЕК смета дека Динамо Загреб е целосно одговорен бидејќи знаел дека повеќе од 150 навивачи се на пат кон Атина. На вчерашната средба никого не известиле, освен дека можеби 30 навивачи купиле билети и ќе се обидат да влезат на стадионот за време на натпреварот.

Сметаме дека Динамо Загреб е целосно одговорен за тоа што група хрватски организирани криминалци од Загреб тргнале да го направат тоа што го направија.

Може ли Динамо да даде целосна слика за вчерашниот ден и да го поддржи ставот на АЕК во полицијата? Ништо не излезе од тоа, па затоа Динамо го сметаме за еден од главните виновници.

Другиот главен виновник е полицијата која дозволила конвојот да ја помине Грција и да стигне до Атина и да има закажан состанок со навивачи криминалци на друг грчки тим и да им овозможи заедно да стигнат до Нова Филаделфија.

Динамо Загреб и полицијата сносат целосна одговорност за тоа што се случи. “

Грчките медиуми шпекулураат околу новите термини. Според нив можно е на 15.август Динамо да биде домаќин во првиот натпревар, а реваншот да се одигра на 18. или 19. август во Атина.

Scroll to Top