Top Sport

АФЦОН: Мароканците не ги бива за пенали, Бенин првпат во четврт-финалето (видео)

Мароко утна три пенали, еден во 96-тата минута од регуларниот дел и два во пенал-серијата, за да загубат од Бенин во првото осминафинале на Африканскиот куп на нации, откако мечот во регуларниот дел заврши 1:1.

Бенин дојде во водство во 53. минута преку Моисе Адилеху, но фаворизираните Мароканци израмнија преку напаѓачот на Леганес, Јусеф Ен Несири во 73. минута. Мароко имаше совршена шанса да го реши победникот кога им беше досуден пенал во 96. минута од мечот, но ѕвездата на Ајакс, Хишам Зијеч ја погоди само десната статива.

Во продолжението немаше голови, а во пенал серијата, Буфал и Ел Несири не го погодија голот, додека Бенин четири пати беше прецизен за пласман во четврт-финале.

Scroll to Top