Top Sport

Крај на сезоната во Евролигата и Еврокупот?

Суспензија на сезоната е предлогот кој на клубовите им го соопштил на првиот човек на Евролигата Џорди Бартомеу, тврди „СДНА“.

Бартомеу сметал дека сезоната не може да продолжи според предвидениот распоред и дека по пауза од два месеци постои ризик од чести повреди кај играчите.

Конечната одлука околу тоа дали сезоната во Евролигата и Еврокупот ќе продолжи или ќе биде прекината се очекува да биде донесена во попладневните часови кога ќе гласаат клубовите со А-лиценца.

Тоа се Реал, Барселона, Басконија, Олимпијакос, Панатинаикос, Жалгирис, Армани Милано, ЦСКА Москва, Макаби Тел Авив, Фенербахче и Анадолу Ефес.

Според шпекулациите Ефес, Реал, Басконија и Макаби сакала сезоната да продолжи.

Во саботата Бартомеу одржа состанок со капитените и уште по едне играч на сите екипи во Евролигата, сите, со исклучок на претставниците на Ефес, сакале сезоната да биде прекината.

Scroll to Top