Пари Сен-Жермен, очекувано, ја прифатиле рекордната понуда од 300 милиони евра за Килијан Мбапе од саудискиот клуб, Ал-Хилал и дале дозвола да се почне со преговори со ѕвездата, јавува новинската агенција „АФП“.
Не е големо изненадување што ПСЖ прифаќа ваква понуда со која Мбапе би добил годишна плата од 700 милиони евра за една сезона, по што би бил слободен да направи трансфер во Реал Мадрид следното лето. Мбапе претходно го известил својот клуб дека планира да го исполни договорот и да остане во Париз до 2024 година.
Ова не значи дека трансферот е сигурен, бидејќи сега саудискиот клуб ќе треба да го убеди Мбапе да ја прифати понудата, така што шпекулациите сигурно не застануваат тука. Претходно, ПСЖ му понуди милијарда евра за 10-годишен договор на Мбапе, но тој ја одби и таа понуда, така што не е сигурно дали парите ќе го привлечат Французинот.
#UPDATE Paris Saint-Germain have received a world record bid of 300-million-euro ($333 million) for Kylian Mbappe from Saudi club Al Hilal, a source close to the negotiations told AFP on Monday. #AFPSports https://t.co/wazjD0KbiZ
— AFP News Agency (@AFP) July 24, 2023
Ал-Хилал со официјална понуда од 300 милиони евра за Килијан Мбапе!