Махмуд Ел Бустати, агентот на мароканската фудбалска ѕвезда, Софијан Амрабат му посака среќа на својот клиент со пост на Истаграм во кој тврди дека Амрабат ги „одбил сите клубови“ за да заигра за својот клуб одд соништата, Манчестер јунајтед.
Амрабат пристигна на „Олд Трафорд“ во последниот ден од преодниот рок, запечатувајќи ја позајмицата од Фиорентина за 10 милиони евра со опција за трансферот да биде постојан следното лето за 25 милиони евра. Повеќе клубови од Премиерлигата, вклучувајќи ги Ливерпул беа заинтересирани за 25-годишниот Амрабат по неговиот одличен настап за Мароко, со кои стигна до полуфиналето на Светското првенство во декември.
„Сонуваше да играш под светлата на ‘Театарот на соништата’. Ми го довери тој сон за да ти го направам реалност, и 15 години бевме на овој пат заедно, пат во кој те видов како порасна од младо момче со талент и страст за фудбал, до човек кој си денеска. По Светското првенство, каде што се докажа на најголемата сцена, светот го зборуваше твоето име и го дознаа твојот талент. Овие три месеци со толку пречки, ти ги одби сите клубови кои те повикаа бидејќи веруваше во твојот сон. Еден клуб. Успеавме, брату, ветувањето е остварено, сонот реализиран. ‘Театарот на соништата’ те чека“, напиша Ел Бустати.