Top Sport

Агентот на Госенс: Зошто не Њукасл? Бидејќи е Интер!

Паоло Бусардо, агентот на германскиот репрезентативец Робин Госенс, потврди дека трансферот на фудбалерот на Аталанта во Интер е пред комплетирање и дека се одбиени Њукасл јунајтед, само бидејќи „Интер е Интер“.

Договорот меѓу двата клуба е постигнат за позајмица со обврска за купување од 22 милиони евра плус 3 милиони евра во бонуси. Утре треба Госенс да ги помине медицинските тестови и да потпише договор, а Бусардо беше „фатен“ на излегување од седиштето на Интер и даде кратка изјава.

„Не е уште готово, има уште некои детали кои треба да се средат, ќе видиме. Не знам дали ќе се заврши денеска“, почнува Бусардо, а на прашањето зошто ги одбил Њукасл, кои нуделе повеќе пари и повисока плата, тој е краток: „Бидејќи е Интер! Вистинско решение за него“.

Scroll to Top