Top Sport

(Видео) Мбапе и покрај ултиматумот се врати на тренинзи со ПСЖ

Суперѕвездата Килијан Мбапе се врати на тренинзи на Пари Сен-Жермен и порај наводниот ултиматум кој му го постави клубот да го продолжи договорот до крајот на месецот или да биде продаден. ПСЖ преку социјалните мрежи објави фотографии и видео од тренингот на тимот под водство на новиот тренер Луис Енрике.

ПСЖ остануваат на своето дека тој мора да го продолжи договорот за да не си замине во Реал Мадрид на крајот на сезоната 2023/24 како слободен играч, но Мбапе го одбива ова.

Реал Мадрид подолго време се заинтересирани за него, но цената од 200 милиони евра која ја поставија од францускит шампион е превисока.

Scroll to Top