Top Sport

Ремзи може да ги „предаде“ Арсенал и да заврши во Тотенхем!

Арон Ремзи може да направи шокантен трансфер во Тотенхем ова лето, откако британските медиуми тврдат дека тој им е понуден на клубот од северен Лондон, што би претставувало вистинско предавство за навивачите на Арсенал, каде што Велшанецот помина поголем дел од кариерата.

29-годишниот Ремзи се приклучи на Јувентус како слободен фудбалер минатото лето, но не успеа да избори место во првиот тим, а поради финансиската криза во светот на фудбалот, Јувентус сакаат да се ослободат од неговата неделна плата од 400.000 фунти.

Ремзи помина 11 години во Арсенал од 2008 до 2019 година со 369 настапи и 64 гола за клубот од северен Лондон. Тој исто така постигна победнички голови во две финалиња на ФА купот за „топчиите“ во 2014 и 2017.

Scroll to Top