Ново разочарување на армијата свои навивачи им приредија фудбалерите на Манчестер Јунајтед. „Црвение ѓаволи“ загубија во Њукасл 1-0 во натпреварот што го комплетираше осмото коло во Премиер лигата.
Њукасл одиграа конкретно во текот на целиот меч имаа подобри шанси за постигнување на гол (Метју во првиот дел ја погоди гредата) и на крајот победија со голот на Лонгстаф во 72 минута.
Единствената сериозна шанса Јунајтед ја имаа во финишот на првиот дел кога Мегваер не успеа да го совлада Дубравка.
Јунајтед на последните пет натпревари имаат само една победа, во осумте кола имаат само две победи и со девет бода се наоѓаат на скромната деветта позиција. Њукасл со бод помалку се на 16 место.
Овој пораз сериозно ги разниша позициите на менаџерот Солскјер, а англиските медиуми пишуваат дека нема да биде изненадување доколку тој во наредните денови добие отказ.
Јунајтед во наредното коло ќе има нов сериозен меч, на „Олд Трафорд“ ќе гостува лидерот Ливерпул.