Top Sport

Агуеро би можел да замине од Сити

Лукас Пусинери тренерот на фудбалскиот клуб Индепендиенте открил дека клубот ќе се обиде да го донесе во своите редови Серхио Кун Агуеро.

Репрезентативецот на Аргентина има договор со Манчестер сити до крајот на наредната сезона, но клубот од Буенос Аирес ќе се обиде да го донесе ова лето.

„Имам одличен однос со Агуеро. Бевме соиграчи. Горд сум на неговата кариера во Аргентина и Европа. Би било одлично кога би можеле утре да го донесеме“, рекол Пусинери.

Агуеро до 2006 година играше за Индепендиенте, потоа пет години мина во Атлетико Мадрид, а од 2011 година е во Манчестер сити. Аргентинецот е најдобар стрелец во историјата на Сити.

Тренерот Пусинери открил дека покрај Агуеро клубот има желба да го врати во Аргентина и играчот на Милан Лукас Билја.

Scroll to Top