Поранешниот аргентински репрезентативец Серхио Агуеро демантираше дека ќе му се врати на фудбалот и истакна дека не планира да тренира со Индепендиенте.
Агуеро (35) ја заврши кариера, во декември 2021, година поради проблеми со срцето.
Неодамна изјави дека добил порака од докторот дека во иднина би можел повторно да игра фудбал.
Одредени светски медиуми објавија дека Агуеро наводно добил покана од тренерот на Индепендиенте Карлос Тевез да тренира со овој клуб.
„Тоа е лага, нема да тренирам со Индепендиенте. Понекогаш луѓето измислуваат работи, бидејќи мојот кардиолог штотуку се појави… Ми рече дека сум многу добро, дека е важно да сум во добра здравствена состојба, но треба да направам уште многу тестови за да се вратам на тренинзите на идеално ниво“, рече Агуеро.
Агуеро кариерата ја започна во Индепендиенте, а потоа играше за Атлетико Мадрид и Манчестер сити, се пензионираше како играч на Барселона.
За аргентинската репрезентација одигра 101 натпревар и постигна 41 гол.