Top Sport

Агуеро му се врати на фудбалот, потпиша за Барселона

Серхио Агуеро повторно ќе игра фудбал. Аргетнинецот поради проблеми со срцето се повлече во декември 2021 година. Една година подоцна лекарите му дозволија повторно да игра фудбал.

Серхио Агуеро, најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити, решил да ја прифати понудата на еквадорскиот клуб Барселона Гвадалкил.

„Едвај чекам повторно да играм и да уживам во фудбалот. Имам помош од кардиолог, се чувствувам добро и веќе почнав да тренирам, па ќе можам да играм за црно-жолтите. Се надевам дека ќе можам повторно да уживам во фудбалот. Се чувствувам добро, вградив чип што го контролира отчукувањата на срцето, затоа можам да играм. Така за 15 дена ќе одиграм натпревар со моите пријатели од шпанската Барселона“, откри Агуеро.

Одличниот напаѓач во својата кариера настапуваше за Индепендиенте, Атлетико Мадрид, Манчестер сити и Барселона.

На клупски план, тој постигна 385 гола на 685 натпревари, додека за Аргентина постигна 41 гол на 101 натпревар.

 

Scroll to Top