Top Sport

Агуеро пак ги лути навивачите на Сити – омилена боја му е црвена!

Серхио Агуеро пак успеа да ги налути навивачите на Манчестер сити, откако на прашање која боја ја преферира сината или црвената, јасно кажа дека црвената му е омилена.

Аргентинецот 10 години го носеше синиот дрес на Сити, постигнувајќи 260 гола и освојувајќи пет титули со синиот тим од Манчестер, прекинувајќи ја доминацијата на црвните Манчестер јунајтед. Тој не доби понуда за продолжување на договорот од Сити и потпиша договор со Барселона.

Ова е втора „боцка“ на Агуеро кон Сити, откако по потписот со Барселона изјави дека тоа е „чекор напред“ во неговата кариера. Покрај тоа, тука беа коментарите на членовите на неговото семејство, кои сметаа дека Пеп Гвардиола го омаловажувал Агуеро последните години на „Етихад“.

Scroll to Top