Top Sport

Дортмунд ја одбија понудата на Јунајтед за Санчо

Борусија Дортмунд ја одбиле понудата од 67 милиони фунти за Џејдон Санчо од Манчестер јунајтед, останувајќи на својот став дека треба да се платат 77.5 милиони фунти, плус 4.25 милиони фунти бонус, јавува „Би-би-си спорт“.

Денеска повеќе медиуми јавија дека Јунајтед ги договориле личните услови со 21-годишниот Англичанец, но Дортмунд сметаат дека сумата која ја понудиле е прениска, а покрај тоа „ѓаволите“ сакале да плаќаат на пет годишни рати.

На „Олд Трафорд“ уште размислуваат дали да дадат повисока понуда во обид да избегнат реприза од минатото лето, кога неуспешно се обидоа да го купат Санчо, бидејќи Борусија останаа на сумата од 120 милиони евра.

Манчестер јунајтед се договориле со Санчо – Борусија бара 95 милиони евра

Scroll to Top