Манчестер сити, предводен од Кун Агуеро, забележа победа над Арсенал 3:1, во дербито на 25.коло, во англиската Премиер лига. Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити ги постигна головите за својот тим, го забележа 10 хет-трик на натпреварите во Премиер лигата и стигна до бројката од 219 гола во дресот на „граѓаните“.
Сити ги шокираа своите противници веќе во првата минута, кога Агуеро топката со глава ја смести зад грбот на Лено. Германскиот голман беше најдобриот играч на Арсенал на овој натпревар.
Манчестер сити постигнаа уште еден гол во 10 минута, кој оправдано беше поништен поради офсајдот во кој се најде стрелецто на голот Лапорт.
Веќе во наредната акцијата Арсенал стигна до гол. Кошчелни најдобро се снајде пред голот на Сити и од непосредна близина ја смести топката во голот.
До крајот на полувремето играчите на Арсенал добро парираа, имаа неколку опасни удари кон голот на Едерсон, но резутатот не се менуваше до 44 минута.
Тогаш повотрно Агуеро ја затресе мрежата на Лено. Аргентинецот од непосредна близина рутунски заврши една брилијантна тимска акција.
Второто полувреме донесе целосна доминација на „граѓаните“. Играчите на Арсенал „исчезнаа“ од теренот, а Лено со неколку добри одбрани спречи катастрофа на својот тим.
Агуеро го комплетираше хет-трикот во 61 минута, меѓутоа впечатокот е дека голот го постигна со рака.
По неколмплетното 25 коло Сити им се доближија на Ливерпул на само два бода. Ливерпул утре ќе му гостуваат на Вест Хем. Арсенал по шестиот пораз во првенството назадуваше на табелата и сега е на шестото место.