Top Sport

Десетте јужноамерикански нации ќе играат во Лигата на нации на УЕФА?

Лигата на нации на УЕФА од 2024 година ќе ги добие и сите 10 јужноамерикански репрезентации, а сите мечеви ќе продолжат да се играат во Европа, најави потпретседателот на УЕФА, Збигњев Боњек.

Во потег кој е јасно спротиставување на планираниот потег на ФИФА за Светско првенство на секои две години, УЕФА и јужноамериканската конфедерација ЦОНМЕБОЛ, потпишаа меморандум за соработка во средата потврдувајќи го мечот „Финалисима“ помеѓу шампионите на Европското првенство (Италија) и Копа Америка (Аргентина) во Лондон на 1 јуни 2022.

Боњек, пак, во интервју со полскиот „Мечики“, тврди дека ова е само првиот чекор.

„Имавме состанок со ЦОНМЕБОЛ, и од 2024 година тие репрезентации ќе се приклучат на Лигата на нации. Каков ќе биде форматот? Уште работиме на тоа“, вели Боњек.

Според него, шесте најдоброрангирани јужноамерикански репрезентации (Аргентина, Бразил, Колумбија, Чиле, Перу и Уругвај) ќе бидат додадени во Лигата А на Лигата на нации, со што ќе имаат потенцијални мечеви со противници како Шпанија, Германија, Англија и Франција, додека преостанатите четири (Боливија, Еквадор, Парагвај и Венецуела“ би се приклучиле на Лига Б.

Scroll to Top