Челниците на Барселона објавија дека утре на јавноста ќе и се обрати аргентинскиот фудбалски ас, Серхио Кун Агуеро. Шпекулациите се дека тој на 33 годишна возраст ќе објави крај на фудбалската кариера поради проблеми со срцето поради кои мораше предвреме да го заврши мечот со Алавес.
По тоа Агуеро итно беше пренесен во болница каде му е дијагностицирана срцева аритмија.
Од Барселона потврдија дека за популарниот голгетер кој најсилната фудбалска трага ја остави во Манчестер Сити се подготвува церемонија доколку реши да „ги закачи копачките“.
Агуеро летово од Сити се пресели во Барселона како слободен играч, а за Каталонскиот клуб има само 5 настапи и 1 постигнат гол, на „Ел Класико“ против Реал Мадрид.
Во кариерата настапуваше за Индепендиенте, Атлетико Мадрид, Манчестер Сити и Барселона. Одигра 663 меча и постигна 379 гола, надополнети со 118 асистенции.