Иако многу клубови во Премиер лигата се заинтересирани да го заддржат Серхио Агуеро на „островото“, аргентинскиот ветеран веќе почнал да преговара со Барселона, јавува шпанскиот „Ел Чирингито“.
Агуеро, најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити, е без договор на крајот на сезоната, што значи дека е слободен да преговара со било кој клуб, и според шпанските извори неговите агенти веќе се во Барселона на преговори со клубот.
Во Барса, тој би добил шанса да игра покрај својот колега од репрезентацијата и близок пријател Лионел Меси, кој пак, уште не го продолжил договорот со каталонскиот гигант. Агуеро има 32 години и игра во Премиер лигата од 2011 година, откако претходно играше за аргентинскиот Индепендиенте и Атлетико Мадрид.