Top Sport

Месут Озил купува акции во Некаска со Ева Лонгорија и Кејт Аптон

Група инвеститори во кои се поранешниот германски репрезентативец Месут Озил, холивудската ѕвезда Ева Лонгорија и манекенката Кејт Аптон планира да откупи 50 отсто од мексиканскиот клуб Некакса, јавуваат локалните медиуми.

Некакса, пак, објави дека групата едноставно инвестира во клубот и дека нема да има менување на сопственичката структура, но сега договорот треба да биде одобрен од Мексиканската фудбалска федерација.

„Планираме да бидеме партнери со група која има големо искуство во фудбалот и во менаџирање на клубови на интернационално ниво. Со ова ќе можеме клубот да го кренеме на повисоко ниво“, се вели во објавата на клубот.

Некакса, клуб од централниот мексикански град Агуаскалиентес, има освоено три титули од Лига МХ, а во 1999 година ја освои Лигата на шампионите на ЦОНЦАЦАФ и играа на Светското клупско првенство во Бразил. Во моментов, пак, не им оди најдобро – тие се на последното место со само 10 поени од 14 меча.

Scroll to Top