Top Sport

Агуеро за Халанд: Еден играч не може да ви донесе трофеј

Легендарниот напаѓач на Манчестер сити, Серхио Агуеро го цени Ерлинг Холанд, но вели дека еден играч не може да биде клучот во обидот на „граѓаните“да ја освојат Лигата на шампиони.

„На Сити му требаше напаѓач кој е одличен во завршницата, таков тип на засилување сакаа, но еден играч никогаш не може да гарантира трофеј. Суштината е во тимот, особено кога е Сити во прашање, бидејќи нивното главно оружје е силната колективна игра“, изјави 34. годишникот играч, кој поради здравствени проблеми ја заврши кариерата во декември 2021 година.

Тој помина десет години во Сити и постигна 184 гола, а неговиот поранешен клуб ќе се соочи со Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

„Во Германија добро го познаваат Халанд, знаат што може да направи и тоа нема да биде изненадување за нив. Сепак, главната разлика сега е што тој игра за Сити, тим со извонреден напаѓачки стил, со многу варијации. Мора да се грижат како да го запрат целиот тим, а не само Халанд“, вели Аргентинецот и додава:

„И Баерн и Сити се тимови кои се брилијантни со топката и играат на гол повеќе. Сити мора да биде мојот избор“.

Првиот натпревар ќе се игра во Манчестер на 11 април, а реваншот е закажан за осум дена подоцна во Минхен.

Scroll to Top