Top Sport

Надал не се пријавил за Мастерсот во Монте Карло

Рафаел Надал демантира дека ќе настапи на Мастерс турнирот во Монте Карло. Надал последниот меч го одигра во јануари, кога испадна во второто коло на Австралија опен.

„Не знам од каде се појави таа информација. Да беше вистинита, би потврдил, но за жал, не можам. Продолжувам да работам според мојата програма, но вистината е дека не знам кога ќе се вратам. Јас сум во фаза во која постепено ги зголемувам напорите на тренинзите. Поради тоа не можам да кажам кога ќе почнам да играм. Значи не можам да потврдам дека ќе играм во Монте Карло“, изјави Надал за „Марка“.

Турнирот во Монте Карло е закажан од 8 до 16 април.

На овој Мастерс Надал победил 11 пати. Последниот трофеј во „малото кнежевство“ го освоил пред пет години.

Scroll to Top