Ајакс ја зголеми предноста на врвот во холандската Ередивизие на шест поени пред Алкмар, ПСВ и Витесе, откако во дербито на 11. коло за само едно полувреме го декласираше тимот на Феенорд стигнувајќи до 4:0 победа.
Стартот на мечот беше фуриозен – Хишам Зијеш уште во втората минута донесе предност на „Јохан Кројф арената“, за во седмата минута, Николас Таљафико да зголеми на 2:0. Мечот беше решен во финишот на првото полувреме – Давид Нереш во 37. минута зголеми на 3:0, за Дони ван де Бек само три минути подоцна да ги постави конечните 4:0.
За Феенорд, чиј тренер е легендата на Манчестер јунајтед, Јап Стам ова е трет меч во низа без победа и тие се на 10. место на табелата со 14 поени, 15 помалку од Ајакс.