Top Sport

Де Лаурентис: Ќе биде многу убаво кога ќе го победиме Сари

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис вели дека ќе биде „многу убаво“ да се види како Карло Анчелоти го победува Маурицио Сари со Јувентус следната сезона.

Де Лаурентис му ја даде првата вистинска шанса на Наполи од 2015 до 2018 година, така што тоа што Италијанецот се приклучи на лутите ривали им дава посебна мотивација на југот на Италија.

„Сари е човек на стадионот, на навивачите. Анчелоти од друга страна е човек на компаниите, така? Затоа ќе биде уште поубаво да се види како Анчелоти го победува Јувентус на теренот. Сари е секогаш во тренерки, вреска и пцуе. Сакам да го видам како ќе се адаптира на Јувентус. И уште поубаво да се види како навивачите на Наполи, кои го сметаат Сари само како голем предавник, ќе реагираат на тоа“, вели Де Лаурентис.

Scroll to Top