Top Sport

Ајакс го претстави наследникот на Ерик тен Хаг

Холандскиот шампион Ајакс го претстави новиот тренер Алфред Шродер, кој доаѓа на местото на Ерик тен Хаг.

Шродер доаѓа од редовите на Клуб Бриж, со кој успеа да ја освои шампионската титула во белгиското првенство.

„За мене е голема чест што сум тренер на Ајакс. Сакам да продолжиме да освојуваме трофеи, а тимот да игра атрактивен фудбал. Верувам дека ќе имаме успеси заедно и дека фановите ќе се радуваат“, изјави Шродер.

 

Scroll to Top