Top Sport

Ајакс го шокираше Манчестер Јунајтед со цената за Aнтони

Англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед беше заинтересиран за крилниот напаѓач на Ајакс, Aнтони, меѓутоа се „олади“ откако холандскиот гигант ја соопшти неговата цена.

Раководството на Ајакс одреди цена од 70 милиони фунти за бразилскиот интернационалец. По ова, нејасно е дали „црвените ѓаволи“ воопшто ќе ги продолжат преговорите за овој евентуален трансфер.

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, сакаше на „Олд Трафорд“ да го доведе играчот кој го тренираше последните две сезони во Ајакс, а во тој период постигна 23 гола на 79 настапи. Сепак, можеби сега ќе се фокусира на други засилувања.

Scroll to Top