Иако Лино Червар и хрватските фанови очекуваа старт на втората фаза со рутинска победа над изненадувањето на шампионатот, Бразил, во „Ланксес арената“ во Келн ги дочека вистински шок откако „селесао“ водеше во текот на целиот меч за на крај да стигне до победа од
Хрватите во ниту еден момент од мечот не беа во водство, а разликата на стартот на второто полувреме дојде до неверојатни шест гола. Сепак, во последните десетина минути, „каубоите“ успеаја да направат интересна завршница откако го намалија водството и до еден гол, но на крајот Бразил славеше сериозно загрозувајќи им ги шансите на Хрватите за пласман во полуфинале.
Аниел Лангаро ги „растури“ Хрватите со осум голови, додека кај „коцкестите“ најефикасен беше Домагој Дувњак со шест гола, а Хорват, Степанчиќ и Штрлек имаа по пет.
Фото: ЕПА
СП РАКОМЕТ ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА
ГРУПА Е
Хрватска – Бразил 29:26 (13:17)
Исланд – Франција 20.30 ч.
Табела: 1.Германија 5, 2.Франција 5, 3.Хрватска 4, 4.Шпанија 2, 5.Бразил 2, 6.Исланд 0
ГРУПА Ф
Унгарија – Тунис 26:21 (16:14)
Норвешка – Египет 20.30 ч.
Табела: 1.Данска 6, 2.Шведска 6, 3.Унгарија 3, 4.Норвешка 2, 5.Египет 1, 6.Тунис 0