Top Sport

Ајакс ја одбиле понудата на Јунајтед

Ајакс ја одбиле првата понуда од Манчестер за крилниот напаѓач, Ентони. Манчестер јунајтед за Бразилецот понудиле 60.000.000 евра.

Ентони, 22-годишникот од Сао Паоло, постигна 17 гола со 12 асистенции за Ајакс откако во 2020 година пристигна од Бразил за 16.000.000 евра. Тој во Ајакс стана и стандарден репрезентативец на својата земја.

Ајакс за младиот Бразилец бара 85.000.000 евра.

Scroll to Top