Top Sport

Ајакс ја одбиле понудата од Барселона за Тадиќ

Челниците на Ајакс експресно ја одбиле понудата од Барселона за нивниот најдобра играч Душан Тадиќ. Каталонците со искусниот Србин сакаа да го засилат офианзивниот ред во тимот. Барселона речиси до крајот на сезоната ќе биде без Луис Суарез.

Италијанскиот новинар Ди Марцо, а потоа и некои холандски медиуми синоќа објавија дека челниците на Барселона го контактирале менаџерот на Тадиќ, бидејќи биле сериозно заинтересирани за него ангажман.

Каталонците се свртеле кон Тадиќ откако им пропадна трансферот на Родриго Морено од Валенсија.

Намерата на Барселона била најпрвин на позајмица до крајот на сезоната да го донесат Тадиќ, а потоа да го откупат неговиот договор.

Сепак водечките луѓе на Ајакс веднаш рекле „не“. Тие не сакале во финишот на преодниот рок да останат не само без Тадиќ туку без било кој друг фудбалер од првиот тим.

Тадиќ е играч на Ајакс од 2018 година, сезоната има одиграно 20 натпревари, на кои постигнал осум гола.

Scroll to Top