Top Sport

Прво грен-слем финале за Зверев

Александар Зверев е третиот тенисер што избори пласман во полу-финалето на Австралија опен. Германецот во четврт-финалето со пресврт го победи Стена Вавринка. Зверев прв пат во кариерата ќе игра полу-финале на еден грен-слем.

Зверев го победи искусниот Швајцарец со 3.1 (1/6, 6/3, 6/4, 6/2). Во полу-финалето ќе игра против Рафа Надал или Доминик Тим.

По лошиот старт и катастрофалната игра во првиот сет, во кој направи десет неизнудени грешки и во кој доживеа брејк во првите свои два сервис гема, Зверев во вториот го најде вистинскиот ритам и до крајот на мечот го прегази својот противник.

Особено инмресивен беше сервисот на Германецот, до крајот на мечот забележа 13 ас-сервиси, Вавринка имаше само четири.

Scroll to Top