Ајакс ја одреди цената за голманот Андре Онана, а веќе почнаа да се распрашуваат, од Челси, од Барса и од ПСЖ.
Онана е 4 години на голот на Ајакс, има искуство со настапи во ЛШ и ЛЕ. Клубот од Амстердам го цени голманот на 40 милиони евра.
Британски „Телеграф“ пишува дека „сините од Лондон“ размислуваат за понудата откако се осмневаат во изборот на Кепа Аризабалага за кого Челси во 2018 на Атлетик Билбао му плати превисоки 76,6 милиони евра.
Камерунскиот чувар на мрежата дел од својата кариера ја помина и во академијата на Барселона, „Ла Масија“.